По разводот со Ким, Канје Вест во врска со Ирина Шајк: Парот фатен во прошетка, далеку од Америка

 

Пред неколку недели, како бомба одекна веста дека Канје Вест се забавува со Ирина Шајк. Но, иако сите сметаа дека таквата информација е само шпекулација, американските медиуми сепак наведуваат дека е точно дека тие се пар.

Имено, Канје и Ирина биле забележани во романтична прошетка во Прованса, Франција, каде заедно отседнале во луксузниот хотел „Villa La Coste“. Парот таму го прославил 44-от роденден на Канје.

За потсетување, Канје и Ирина во минатото соработуваа повеќепати. Шајк во 2010 година се појави во спотот за песната на Вест – „Power“ во улога на златен ангел. Се чини дека тогаш му оставила впечаток на раперот бидејќи ја споменува во текстот на песната „Christian Dior Denim Flow“.

„Сакам да ја видам Ирина покрај Дауцен“, пее во споменатата песна, притоа мислејќи на холандската манекенка Дауцен Крус.

Ирина во 2021 година се појави на ревија на модниот бренд на Канје на Модната недела во Париз. Таа е обожавателка на неговиот бренд, па минатиот месец била забележана како носи маица со неговиот потпис.

За потсетување, Шајк и актерот Бредли Купер ја имаат 4-годишната ќерка Леа де Сејн, а раскинаа во 2019 година по 4 години врска. Пред него, манекенката беше во врска со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

09.06.2021 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега