По тешката дијагноза, Селион Дион блесна на отворањето на ЛОИ

Селин Дион настапи на Ајфеловата кула за време на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз во впечатлив фустан обложен со дијаманти. Таа за прв пат пееше на сцена по 4 години.

Канадската пејачка испеа романтична песна за крај на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. Ова е нејзин прв голем настап по 4 години, а публиката ја поздрави со овации и аплаузи.

Сите рефлектори и погледи беа вперени во неа, а таа елегантно застана и на француски јазик на Ајфеловата кула ја испеа „L’Hymne à l’amour“ со полно емоции.

Таа носеше прекрасен долг, тесен бел фустан покриен со дијаманти и циркони.

Фустанот имаше наметка од истиот материјал закачена на рамото и изгледаше елегантно и префинето.

Пејачката го дополни изгледот со впечатлив накит, прстени и обетки, а косата ја врза во едноставна пунџа.

Селин Дион, инаку, има ретко автоимуно нарушување на движењето, синдром на вкочанета личност. Таа беше дијагностицирана во декември 2022 година. пејачката по дијагнозата ги откажа сите настапи за 2023 и 2024 година.

Покрај неа, на отворањето имаше уште 300 изведувачи.

27.07.2024 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега