Почина Берет Стронг, американски пеач и композитор
Берет Стронг, американски пеач познат по првиот хит на „Motown Records“ „Money (That’s What I Want)“ и по песните што ги напиша за групата Temptations, почина на 82-годишна возраст.
Неговата смрт ја потврди Бери Горди, основачот на „Мотаун“, кој во изјава за „Билборд“ ги нарече неговите песни „револуционерни“. Причината за смртта не е соопштена.
„Жал ми е што слушнав дека Берет Стронг, човекот кој го отпеа мојот прв голем хит, почина“, изјави Горди, а пренесува N1 БиХ.
Берет не само што беше одличен пејач и пијанист, туку тој, заедно со неговиот музички партнер Норман Витфилд, создадоа неверојатна работа, пред се со групата Temptations. Нивните хит-песни имаа револуционерен звук и го доловуваа жарот како „Cloud Nine“ и сè уште релевантната „Ball of Confusion (That’s What the World is Today)“, пренесува медиумот.
Берет Стронг е роден на 5 февруари 1941 година во Вест Поинт, во американската држава Мисисипи. Тој пораснал во Детроит, каде што бил еден од првите музичари потпишан со издавачката куќа на Горди, која тогаш се викала Тамла рекордс. Стронг го издаде својот најголем хит „Money (That’s What I Want)“ во 1959 година. Се продаде во повеќе од милион примероци, а подоцна беше обработена од уметници како Битлси, Ролинг Стоунс и Лед Цепелин.
„Песните ги надживуваат луѓето. Вистинските пари се во издаваштвото, а ако имате издаваштво држете се до тоа. За тоа се работи. Ако го дадеш, го даваш својот живот, твоето наследство. Кога ќе те нема, тие песни сè уште ќе се пуштаат и слушаат“, изјави Стронг за „Њујорк Тајмс“ во 2013 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа