Почина Џорџина Купер, познат супермодел во 90-тите
Почина Џорџина Купер (46), една од најпознатите британски манекенки од 90-тите, пишува Daily Mail.
Нејзиниот поранешен менаџер Дин Гудман потврди дека Џорџина починала на островот Кос, каде што живеела со своето семејство. Во моментот на нејзината смрт, со неа бил и нејзиниот сопруг Најџел, со кој се омажила пред само неколку месеци. „Џорџина не се чувствуваше добро за време на пандемијата на коронавирус. Имаше здравствени проблеми и многу беше во болница. Имаше големи планови. Неодамна се омажи и беше полна со надеж за иднината. Сите сме уништени. Таа беше вистинска Суперѕвезда“, изјави Гудман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа