Почина глумицата Марија Росарија Омаџо
Италијанската актерка Марија Росарија Омаџо почина денеска во Рим на 67-годишна возраст, по долго боледување, соопшти нејзиното семејство.
Родена во Неапол, познатата глумица беше прославена и во Италија и во светот поради нејзината разновидна кариера. Имено, Омаџо се појави во повеќе од 40 филмски и ТВ-продукции, вклучувајќи го и „До Рим, со љубов“ на американскиот режисер Вуди Ален.
Таа доби награда и на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзиното отелотворување на италијанската новинарка Оријана Фалачи (1929 – 2006) во филмот „Валена – човек на надежта“ на Анджеј Вајда од 2013 година за полскиот синдикален лидер Лех Валенса, кој подоцна стана и претседател на Полска.
Покрај нејзината филмската, телевизика и театарка кариера, Омаџо служеше како посветен амбасадор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа