Почина Киќо Слабинац- се борел со тешка болест, два месеци бил во кома
Легендарниот хрватски пејач Крунослав Киќо Слабинац (76), почина утрово, пренесуваат регионалните медиуми.
Тој имаше вградено три бајпаса, поради проблеми со срцето кон крајот на јули годинава.
Слабинац починал утрово во 6.50 часот во болничка соба во загребската болница каде лежеше три месеци. Од почетокот на минатиот месец, како што пишува „Јутарњи“, поради влошена здравствена состојба, беше приклучен на респиратор и ставен во вештачка кома.
Слабинац е опериран, а по операцијата не можел да се опорави, затоа што не му зараснувала градната коска, поради вишок килограми.
Како што наведува хрватскиот весник, тој добил болничка инфекција, а потоа и воспаление на белите дробови.
Крунослав има двајца синови Павел (41) и Иван (39).
Киќо Слабинац е роден на 28 март 1944 година. Со музика и глума почнал да се занимава уште во основно училиште. Свиреше тамбура и глумеше во детскиот театар.
Музичката кариера ја почна со рок-составот „Торнадо“, а пота премина во „Кон Тики“, за најмногу да се задржи во групата „Динамите“.
По враќањето од војска реши да продолжи со соло кариера, па се сели во Загреб, каде изведува песни од Том Џонс и Елвис Присли. Се запознава со композиторот Никица Калоџера, покрај кој настапува на сплитскиот фестивал во 1969 година. Таму ја отпеа „Само за љубов“.
Првата плоча која ја издаде се вика „Русокоса“ (Плавуша). Неговите хитови „Због једне дивне црне жене“, „Те три слатке речи“, „Поклони ми један дан“, станаа евергрин хитови на поранешните југословенски простори.
Беше и пратеник од редовите на ХДЗ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа