Почина ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ: Болеста беше посилна, не успеавме, сонце мое
Ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ (67), починала во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.
– Со неизмерна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Ти беше мојот скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, голем музички талент, хумор… ни го направија животот среќен, полн со љубов… Лошата болест демнеше, но заедно ја совладувавме… Овој пат беше посилна, не успеавме, сонце мое и драгиот Бог те зеде кај себе во својата прегратка, кон небеските височини, sвездите… а, на твојата неутешна мајка ѝ остави најдлабока тага… Твоето повторено стотици пати „мамо, те сакам“ ќе одѕвонува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, најмила моја Ива“, напиша неутешната хрватска пејачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа