Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга

 

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени. Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

07.10.2024 - 19:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега