Почина музичарот Колин Бурџис, првиот тапанар на легендарниот бенд AC/DC

 

Поранешниот тапанар на легендарниот бенд AC/DC Колин Бурџис почина на 78-годишна возраст.

Веста за неговата смрт беше споделена на официјалната Фејсбук страница на бендот AC/DC, а причината за смртта се уште не е објавена.

„Многу е тажно што слушнавме за смртта на Колин Бурџис. Тој беше нашиот прв тапанар и многу почитуван музичар“, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Бурџис е роден во Сиднеј на 16 ноември 1946 година и беше дел од оригиналната постава на бендот.

Бурџис настапуваше со нив од ноември 1973 година до февруари 1974 година, кога беше отпуштен затоа што колегите од бендот го обвинија дека бил пијан на сцената.

Пред да се приклучи на AC/DC, Бурџис исто така беше тапанар на австралискиот рок бенд The ​​Masters Apprentices четири години, од 1968 до 1972 година.

17.12.2023 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега