Почина пејачот Џозеф Марли, внук на Боб Марли
Џозеф Мерс Марли, внук на реге-легендата Боб Марли, почина на 31-годишна возраст, објави магазинот „Пипл“.
Неговиот портпарол ја потврди смртта. Џозеф бил пронајден во својот автомобил. Иако официјалната причина за смртта не е објавена, медиумите дознаваат дека починал од напад на астма.
Роден е во Јамајка во 1991 година, а на 11-годишна возраст се преселил во Мајами.
Џозеф својата прва песна ја објави во 2010 година, а целиот албум во 2014 година. Минатата година го издаде својот втор и последен албум.
Додека ја промовира својата музика, Џозеф со гордост говореше за својот славен дедо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа