Починаа четири деца од голема кашлица во Белград, едно е на респиратор

Четири бебиња починале од голема кашлица на Институтот за мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград, соопшти српската „Н1“.

Проф. д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и раководител на клиниката за детски болести на Институтот изјави дека животот на едно дете е во опасност и е на респиратор.

Д-р Вукомановиќ вели дека доенчињата на возраст од два, три или четири месеци може да развијат многу тешка клиничка слика на голема кашлица.

Едно дете во моментов е на механичка вентилација и е во респираторна и животна опасност. Бројот на деца позитивни на пертусис е околу 70, од ​​кои половината се хоспитализирани, што укажува на експоненцијално зголемување на децата кои покажуваат тешка клиничка слика на оваа болест“ – изјави д-р Владислав Вукомановиќ.

Тој советува на редовна вакцинација како најдобар начин за борба против ваков вид на болести.

31.01.2024 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега