Почна да тоне град во Индија

Во градот Џошимат во северна Индија некои жители беа евакуирани откога во последните неколку недели се појавија алармантни пукнатини во нивните домови.

Досега речиси 600 луѓе од 145 семејства се преместени од своите домови во училишта и хотели по појавувањето пукнатини во повеќе од 750 згради во градот со 20.000 жители.

Индиската организација за истражување на вселената објави дека градот потонал 5,4 сантиметри за 12 дена, помеѓу 27 декември и 8 јануари.

Аншу Рават била во длабок сон на 3 јануари кога слушнала силен звук. Отпрвин била убедена дека сонува, но кога вревата станала посилна, решила да провери што се случува. Надвор таа беше сведок на хаос. Луѓето во паника трчаа наоколу, а некои во рацете ги носеа своите деца завиткани во ќебиња, пишува Би-би-си.

Имаше шпекулации дека хотелот во близина се урнал, но нејзиниот сопруг излегол да провери и открил дека хотелот останал недопрен. Но, нивната куќа претрпе оштетувања, се појавија пукнатини на ѕидовите и терасата. Зашеметена и збунета, 27-годишната Аншу ја грабна својата шестмесечна ќерка и се упати кон покривот заедно со сопругот и другите роднини.

13.01.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега