Подготвено е техничкото решение за санација на мостот кај Башино Село на влез во Велес
Стручњаците од Градежниот факултет при УКИМ од Скопје го изработија техничкото решение и денеска го доставија до Јавното претпријатие за државни патишта, информира за МИА, декенот на Градежен факултет Скопје проф д-р Горан Марковски. Сега останува на ЈПДП да распише тендер и да избере изведувач за да започне санацијата на мостот на кој од 4 јануари годинава е запрен секаков вид на сообраќај поради влошената состојба на носечките столбови, а со цел да се спречи трагедија од урување на мостот.
Професорот Марковски оцени дека мостот требада се санира за месец до месец и половина. Тој со неговите колеги во саботата направија дополнителни испитувања на мостот, односно пробно товарење на мостот со камиони од 40 тони статичко и динамичко на горниот строј на мостот на носачите за да видат во каква состојба се и од тој аспект и да можат да донесат техничко решение што понатаму со мостот.
Како трајно решение на проблемот на велешани, премиерот Христијан Мицкоски при посетата на мостот во Велес, на 4 јануари годинава, најави дека по завршување на сите админстративни процедури ќе се изгради нов мост на Вардар кај Велес, на 50- тина метри подолу од постоечкиот, а неговата изградба ќе започне кон средината на годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа