Подгответе се: Утре рано наутро неколку скопски улици ќе останат без вода
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во понеделник, поради изведба на водоводен приклучок со пречник од 80 мм на улицата Васил Стефановски бр. 2, ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Попарсов, 9-ти Мај, Роза Луксембург и Христо Смирненски.
Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
23.02.2025 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа