Погребана Марина Туцаковиќ: Семејството и пријателите низ солзи се збогуваа од неа и ѝ ја исполнија последната желба
Познатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ е погребана денеска на белградските Нови гробишта.
Марина, која по долга и тешка болест почина на 67-годишна возраст, според желбата на нејзиното семејство е испратена на вечна починка во најтесниот круг на членовите на семејството, пријателите и долгогодишните деловни соработници.
Нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута и синот Милан Радуловиќ тешко ја поднесуваат големата загуба, а денеска најголема поддршка им е кумата на Марина и повеќедецениска пријателка, Маријана Петровиќ.
Од Туцаковиќ денеска на Новите гробишта се опростија и личности од балканската јавна сцена како Цеца Ражнатовиќ, Оливер Мандиќ, Саша Матиќ, Жељко Јоксимовиќ, Дамир Хандановиќ и многу други.
Инаку, на Марина ѝ била исполнета последната желба, а тоа е да биде погребана покрај синот Милош, а не во Алејата на великаните.
За потсетување, Марина Туцаковиќ последните денови ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ каде била префрлена откако на 14-ти септември ѝ се слошило, кога била ставена на респиратор, а била позитивна и на коронавирус.
Кон почетокот на 2018 година ѝ беше дијагностициран малиген тумор на дојка, по што набрзо беше оперирана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа