Погребани 10 жртви на масовните убијци: Дадените животи мора сите да не променат

Погребани се жртвите на масакрите што се случија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во Младеновац во близина на Белград.

Прво беше погребана ќерката на легендарниот српски одбојкар и одбојкарски тренер Драган Кобиљски, која беше убиена во нападот извршен од 13-годишен ученик од нејзиното училиште. Неутешниот татко Драган Кобиљски в раце го носеше плишаното мече на својата ќерка.

“Крвта е семето од кое расте животот. Родители, мора да продолжите да живеете, за доброто на вашето девојче, да ја поддржувате на патот кон Христос. Ми кажаа дека спасила неколку животи, застанала помеѓу убиецот и нејзините пријатели… И му рече на тоа зло што влезе во момчето: Зошто го правиш ова, престани. Сигурен сум дека ќе ја сретнеме таму горе и ќе разбереме зошто се случи ова. Ти благодариме што не бранеше и заштитуваше. Без да постои смрт нема воскресение. Има многу што се преправаат дека се херои, но има малку вистински херои. Вие родители сте благословени што ја имате, жртвата на малата Е. мора да ги промени животите на сите нас. Тогаш светот ќе биде поинаков.” рече свештеникот на погребот.

 

Погребан е и омилениот портир Драган Влаховиќ, првата жртва на масакрот. Бескрајна колона луѓе се прости од него. Меѓу насобраните имало голем број деца, млади и колеги, пријатели и соседи на убиениот чувар. Српските медиуми јавуваат дека на погребот имало повеќе од илјада луѓе.

На Новите гробишта денеска беше погребан К.М. Првиот говор по погребот го одржа свештеник кој рече дека е тешко да се кажат зборови кои можат да ја ублажат болката. „Денес пупка од роза која уште не ни процвета… Не срамете се од солзите за ова невино суштество кое не ни стапнало во живот, туку веќе излегува од него…“ – рекол свештеникот. низ солзи. На погребот имаше многу деца кои донесоа бели балони и другари, директорката на училиштето…

 

На белградските гробишта е молк, погребано е и девојчето А.Д. Децата плачат и се гушкаат едни со други. Неутешните родители кои ја загубија ќерката во масакрот во белградското училиште донесоа виолинист на погребот да свири додека поворката оди кон гробот.

 

Членовите на семејството, пријателите, соседите и соучениците се собраа пред капелата на Новите гробишта во Белград за да ѝ оддадат почит и да ја испратат М.А., уште една жртва на Коста К, на вечното почивалиште.

 

Во 14 часот и 30 минути почна погребот, а пред капелата се собраа околу стотина луѓе, главно роднини, пријатели и соседи. Сите тие трпеливо чекаат да им изразат сочувство и зборови на поддршка на членовите на семејството на убиеното девојче. Некои од другарите од училиштето стојат пред капелата и со цвеќиња и свеќи во рацете чекаат да ја испратат другарката.

 

Во Мали Орашје беа погребани пет млади луѓе

 

На селските гробишта во Мали Орашје кај Смедерево беа погребани петте жртви на масакрот што се случи ден по масакрот во училиштето. Погребани се Марко М.(18), Александар М.(17), Н.М.(15), Лазар М.(20) и Немања С.(21).

 

Стотици локални жители се собраа пред портата на црквата во Мали Орашје, каде 10 свештеници служеа миса за младите мажи убиени во злосторството извршено од Урош Б.

 

 

 

 

06.05.2023 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега