Покренато обвинение против Барселона за корупција

Шпанското обвинителство денеска го обвини фудбалскиот клуб Барселона за корупција, бидејќи тој клуб неколку години плаќал услуги на компанијата на потпретседателот на шпанскиот судиски одбор.

Истражниот судија сега ќе одлучи дали ќе покрене обвинение против каталонскиот тим. Барселона е под лупа откако во јавноста се појавија исплатите на клубот, кои вклучуваат милиони евра. Спорните плаќања ги открил даночниот инспекторат.

Обвинителите покренаа три обвиненија против Барселона, вклучително и наводна корупција во спортот и лошо управување. Последната пријава се однесува на наводно фалсификување документи.

Шпанскиот фудбал беше потресен во последните неколку недели откако беше откриено дека даночните службеници истражувале исплата од 2,9 милиони евра од Барселона помеѓу 2014 и 2018 година на компанијата на поранешниот фудбалски судија Хозе Марија Енрикез Негреиро, член на тамошната организација на судии од 1994 до 2018 година.

Од каталонскиот клуб изјавија дека платиле за техничките извештаи на судењето, но дека никогаш не се обиделе да влијаат на одлуките на арбитрите.

Медиумите пишуваат дека Барселона платила повеќе од седум милиони евра, а сето тоа започнало во 2001 година. Денешните обвинувања се однесуваат на двајца претседатели на Барселона – Сандро Росел (2010-2014) и Жозеп Бартомеу (2014-2020).

11.03.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега