Полицаец пронашол дрога на задното седиште од службениот полициски автомобил
Вчера во 13.00 часот од страна на полициски службеник од СВР Штип е пријавено дека на задното седиште од службено полициско возило пронашол две најлонски опаковки со околу 1,5 грама грутчеста материја.
Возилото за време на викендот е користено при приведување на повеќе лица поради нарушување на јавниот ред и мир и постои сомнение дека опаковките се оставени од некое од овие лица.
СВР Штип презема мерки и активности за расчистување на случајот.
16.07.2024 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа