Полицајка направила профил на OnlyFans, па доживеала хорор на работа: „Сега колеги ме молат да им испратам нешто без пари“

 

Поранешната полицајка Мелиса Вилијамс (46) тврди дека била приморана да се 'пензионира' откако до нејзините шефови стигнала анонимна дојава за нејзините активности после работа, односно дека од мај 2020-та година објавува експлицитни фотографии на OnlyFans профил.

Таа открила дека единствената причина поради која почнала да прави такво нешто е тоа што сакала да го 'зачини' сексуалниот живот со својот сопруг и да си даде себеси малку одмор од опасностите и предизвиците со кои се соочувала на работа во Колорадо.

Сега Мелиса, која на социјалните мрежи користи псевдоним Лекси Бела, јавно ја објавила својата приказна, а на Инстаграм моментално ја следат повеќе од 10.000 корисници.

Многумина од нив, како што вели, се токму нејзини поранешни колеги, поради кои доживеала пекол на работа, а денес ѝ бараат попусти на нејзините разголени фотографии.

„Видов дека на мојот Инстаграм профил имам пораки од мои поранешни колеги кои ме молат да им испратам нешто без пари или ме прашуваат дали има попуст за полицајци. Одговорот е - не“, рекла Мелиса.

Оваа Американка работела како полицајка цели 28 години, а како што рекла, само неколку поранешни колеги после отказот ѝ испратиле пораки со поддршка.

„Сега многумина од оние кои ме озборуваа и ширеа злонамерни приказни за мене, се истите тие што ми бараат фотографии. Кога бев на боледување, добив повик од колега дека се шират гласини за мене. Се чувствував како светот да ми се распаѓа“, открила таа.

Мелиса потоа открила дека неколку нејзини колеги се пријавиле на нејзиниот OnlyFans профил, а потоа фотографиите ги споделувале со сите во полициската станица.

Ова влијаело на нејзиното ментално здравје, а докторот на крајот ѝ порачал да не се враќа на работа. Додека била отсутна, нејзиниот адвокат успеал да издејствува 30.000 долари отштета.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lexi Bella (@the.real.bella.lexi.2)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lexi Bella (@the.real.bella.lexi.2)

09.02.2022 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега