Полицијата го најде Тејт благодарение на Грета Танберг и кутијата за пица
Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт е уапсен во Романија кога случајно откри каде се наоѓа во видео во кое ја навредува шведската активистка Грета Танберг, а го издаде кутијата за пица.
Пред неколку дена Ендрју вербално ја нападна 16-годишната активистка преку „Твитер“, а по исмевањето од Грета, тој сподели видео во кое продолжи со навредите кон неа, но направи кардинална грешка.
Британски медиуми ја пренесоа веста за апсењето со наслов „Ендрју Тејт приведен благодарение на кутија за пица и Грета Танберг, која го предизвика кревкото его“, „Ендрју Тејт уапсен за неполни 24 часа по објавувањето на видеото како јаде пица и ја ‘трола’ Грета Танберг“… Мизогиниот инфлуенсер на социјалните мрежи бил уапсен во Романија заедно со брат му како дел од долготрајната истрага за трговија со луѓе, пишува „Метро“.
Времето на рацијата на неговиот имот ги поттикна шпекулациите дека видеото можеби имало улога во полициската операција. Според кутијата, се гледа дека седи во пицеријата „Џери“ во Букурешт.
Во клипот објавен во средата вечерта поранешниот кикбоксер зборува за тинејџерката климатски активист додека пуши пура.
Полицијата знаела дека Тејт има стан во романската престолнина, но тој вешто се криел и досега не успеваше да го најде и приведе. Во полицијата дури и не знаеле дека Тејт во тој момент бил во Романија. Но, пицата го издала и полицијата бргу упаднала во неговиот стан.
Ендрју Тејт полицијата го бара под обвинение дека се здружил со криминална група инволвирана во трговија со луѓе и сексуална експлоатација на жени.
Тејт и брат му Тристан ќе останат во притвор 24 часа, изјави нивниот претставник.
„Не можеме да откриваме детали или зошто браќата беа уапсени, но можеме да кажеме дека Ендрју и Тристан Тејт имаат голема почит кон романските власти и ќе ѝ помогнат на истрагата колку што можат“, рекол претставникот, како што пренесува „Дејли мејл“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа