Полицијата имаше засилена акција, најмногу казни изречени за брзо возење

 

Министерството за внатрешни работи и вчера имаше засилена акциска контрола, при што на територија на Скопје беа казнети 191 возач, а најмногу за надминување на дозволената брзина – 62, 13 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, две мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии - затемнети стакла...

„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

24.03.2022 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега