Полицијата во Пожаревац открила несекојдневен случај - уапсена пензионерка што продавала дрога

 

63-годишна пензионерка С.П. од околината на Пожаревац била уапсена поради сомнение дека продавала дрога. Несекојдневниот случај бил откриен додека полицијата го следела локалниот дилер, 33-годишниот В.П.. Кога го виделе неговиот снабдувач, се шокирале, објави Курир.рс

При претресот на домот на пензионерката полицијата во нејзиниот двор затекнала засадена марихуана, а во колибата пронашле уште 7 килограми исушена и спакувана дрога подготвена за дистрибуција.

Инспекторите во соработка со обвинителството започнале да го следат В.П. поради сомнеж дека продава дрога.

-На прв поглед ништо не беше сомнително. В.П. од своето село со велосипед отиде кај С.П. Таму отиде до стакленикот и до нејзината куќа. Од прва полицајците мислеле дека купува зеленчук, но забележале дека не носи торба, па им станал сомнителен - вели извор упатен во истрагата за Курир.рс

Мештаните раскажале дека мажи често ја посетувале пензионерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега