Полициска рација во ноќен клуб - Приведени Македонки, Украинки и Србинки
Ноќеска во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар.
При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.
Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
30.07.2025 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа