Полициски службеници му напишале казна, тој се вратил со уште три лица и физички ги нападнал

Полициски службеници биле цел на напад откако претходно напишале казна на возач на булеварот „Словенија“ во Скопје.

-Вчера околу 12.40 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, на влез за с.Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица. Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот. Малку подоцна, на бул.„Словенија“, во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од возилото „дачиа дастер“ и од него излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица, велат од полицијата.

 

 Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа