Поп иконата почина на 48 години - телото на пејачката пронајдено во близина на нејзината куќа

 

Пејачката од познатиот руски бенд Восток починала во Москва. Натела Ас имала 48 години, а телото ѝ било пронајдено во близина на нејзината куќа.

Минувач го забележал телото, повикал полиција, а тие утврдиле дека станува збор за познатата пејачка затоа што со себе имала документи, клучеви и мобилен телефон.

Полицијата соопштила дека нема знаци на насилна смрт, борба или било што што укажува дека била влечена. Натела наводно можела да падне од пожарникарските скали кои се многу тешки.

Натела Ас освен со пеење се занимавала и со моделинг, имала епизодни улоги во филмови и серии, но најголемата популарност ја достигнала во 90-те кога била пејачка на популарниот бенд.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Natella As (@asnatella_actress_model)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега