Популарната актерка има тумор во четврт стадиум: Го подготвив фустанот за погреб, сакам да бидам убава
Ѕвездата на хит-серијата од 90-тите „Беверли Хилс 90210“ Шенон Доерти (49), која се бори со малигна болест, изјави дека веќе подготвува проштални писма за своите најблиски. Исто така пронашла и песна што сака да ѝ се свири на последното збогување, а станува збор за „Tears in Heaven“.
Сега таа вели дека подготвувала и во што сака да биде погребана.
„Знам во што сакам да заминам од овој свет. Подготвив фустан кој го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање. Во последните месеци се обидував да исправам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Се обидувам да го живеам животот во потполност и да уживам во ова малку време што ми преостанува“, рече Шенон.
Шенон вели дека се плаши од исходот.
„Не знам што ме чека кога ќе издишам и каде ќе ми оди душата. И јас сум тажна, тажна затоа што нема да можам да ги гледам моите пријатели, да се дружам со нив, да ги бакнувам и гушкам следните години. Но, тоа е животот. Мора да прифатите сè што ви носи – и добро и лошо“, заклучува актерката.
На Шенон ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Тогаш беше излекувана, но болеста ѝ се врати. Таа неодамна изјави дека туморот е во четвртиот стадиум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа