Поради една реченица изгуби 250.000 Инстаграм фанови: Пејачката им упати навреда на обожавателите која скапо ќе ја чини
Пејачката и раперка Доџа Кет е една од најголемите музички ѕвезди денес и освојувач на Греми, но во изминатите денови многу фанови ѝ го свртеа грбот.
Според податоците на сајтот „Hype Auditor“, таа за кратко време изгубила 250.000 следбеници на Инстаграм, а се избришани и многу профили кои на Твитер ги воделе нејзините обожаватели, на прво место оние најголемите: „The Kittens Room“, „Doja HQ“ и „Doja Cat News“.
Причината за тоа е начинот на кој Доџа Кет се однесувала кон нив, пред сè поради тоа што им порачала да си „најдат живот, да се вработат и да им помогнат на родителите во домот“.
Имено, неодамна еден следбеник на пејачката ѝ напиша дека би сакал да чуе како на фановите им порачува дека ги сака, на што таа одговорила: „Не ве сакам бидејќи не ве ни познавам“.
Тоа отпочна лавина негативни коментари, а многу обожаватели на оваа музичка ѕвезда истакнаа дека го посветиле својот живот на зајакнување на нејзиниот бренд, фалење на нејзините песни и стил на социјалните мрежи итн.
Пејачката на сите кои се нарекуваат „kittenz“ за да укажат дека се нејзини фанови, им порачала дека мора да „најдат живот“.
„Ако себеси се нарекувате така, тоа значи дека мора да го оставите телефонот, да најдете работа и да им помогнете на родителите во домот“, напишала Доџа на Твитер.
Доџа Кет е родена како Амаларатна Зандил Дламини во Лос Анџелес, во уметничко семејство со јужноафриканско потекло. Како мала свирела клавир и се занимавала со танц, а кариерата ја започна со синглот „So High“ кој го објави во 2013 година.
Во меѓувреме објави 3 албуми и беше 16 пати номинирана за Греми награда. „Time“ неодамна ја прогласи за една од 100-те највлијателни луѓе на светот, а покрај тоа е добитничка на 5 признанија од „Billboard Music Award“ и „American Music Award“ и 4 „MTV Video Music Award“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа