Поради критиките за Меган си поднесе оствка, но остана на својот став: „Ви благодарам за целата љубов и омраза “
Пирс Морган изјави дека останува на својата критика за војвотката од Сасекс, кога емисијата на Ај-ти-ви „Добро утро,Британија“ се емитуваше првпат по неговото заминување, пренесува британски Би-би-си.
Во вторникот беше објавено дека Морган го напуштил шоуто откако рекол дека не ѝ верувал ниту збор на Меган во нејзиното интервју за Опра Винфри.
Коментирајќи ја неговата оставка, другата водителка Сузан Рид рече дека не се согласува со неговите коментари, и додаде: „Емисијата продолжува“.
„Офком“ ги испитува неговите коментари откако доби 41. 000 поплаки.
Ранвир Сајн, кој во средата седеше на столот на Морган, рече: „Не го викаме Мaрмит без причина“. Сè уште не е познато кој ќе биде негова трајна замена во Good Morning Britain.
Како што започнуваше програмата, Морган напиша на Твитер: “Во понеделникот, реков дека не верувам во Меган Маркл во нејзиното интервју за Опра. Имав време да размислувам за ова мислење, и сè уште не верувам.”
Тој додаде: “Слободата на говорот е рид на кој со задоволство ќе умрам. Ви благодарам за целата љубов и омраза. Одам да поминувам повеќе време со своето мислење”.
Неговиот твит беше придружен со фотографија од Винстон Черчил со цитат за слободен говор.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа