Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје

 

Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). За гаснење, напомена Ангелов, се користат сите можни ресурси. 

17.08.2025 - 11:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега