Поради пожарот во неготинско затворен е регионалниот пат Неготино – Штип

Сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште е во прекин за сите видови возила, во двата правци, соопшти АМСМ.

Патот е затворен поради безбедност на учесниците во сообраќајот, а причина е активен пожар. Пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта се уште не може да се стави под контрола.

Гори на три точки, се интервенира и од копно и од воздух. Засега во пожарот изгоре површина два пати поголема од градот Неготино. Голем пожар кој сѐ уште е активен е и оној на планината Огражден.

15.07.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега