Поради проблемите со „Астра зенека“, Хрватска ќе нарача дополнителни дози од „Фајзер“

 

„Астра зенека“ ќе ѝ достави на Европската Унија само една третина од ветената количина вакцини, која Хрватска ќе се обиде да ја надомести со дополнителни дози од вакцината на „Фајзер“ и да се изедначи со повеќето членки на ЕУ до крајот на летото, изјави денеска премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Тој објасни дека никој не можел да предвиди дека „Астра зенека“ ќе има проблеми во процесот на производство и испораката на вакцината.

Кога Хрватска ја нарачала нивната вакцина на крајот на летото минатата година, таа компанија, вели тој, била прва според истражувањето и прва со која Европската комисија почнала разговори за нарачки.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега