Поради протестот на МПЦ затворени се повеќе улици во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради одржување протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Почнувајќи од 17 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: билеварот Партизански одреди со билеварот ВМРО во правец кон Карпош, билеварот Партизански одреди со улицата Франлкин Рузвелт во правец кон Центар, билеварот Илинден со билеварот Св. Климент Охридски во правец кон Соборниот храм и билеварот Св. Климент Охридски со улицата Димитрије Чупоски во правец кон Соборниот храм.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива протестот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа