Поради „Тик -Ток предизвик“ завршија во затвор- возачот на трамвајот едвај закочи (ВИДЕО)
Потребата на младите да се експонираат на социјалните мрежи нема граници, а токму поради популарноста на „ТикТок“, тројца тинејџери од Мароко завршија во затвор.
Судот во Казабланка го осуди на три години затвор, додека на „споредниот актер“ и девојчето што ја сними таа сцената беа дадени две! Не е можно да се обжали пресудата, затоа овие млади луѓе ќе поминат дел од своите најдобри години зад решетки.
Им падна на памет да го запрат сообраќајот на трамвајот со поставување маса на патеката каде што седеше еден од нив и пиеше кафе.
Возачот во последен момент успеа да закочи, но она што авторите го сметаа за смешно, судот, меѓу другото, го опиша како загрозување на патниците и зеде предвид дека возачот можеше да остане трауматизиран до крајот на животот, ако се случеше трагедија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа