Поразителни бројки: Само 1 од 5 Македонци смета дека 2024 ќе биде подобра од 2023 година

 

Во глобалното истражување кое го спровела Галуп интернешел на тема “Крај на годината“ со анкета на македонските граѓани одговорите што тие ги дале се многу поразителни. Само 20 проценти од нашите граѓани сметаат дека 2024 година ќе биде подобра од 2023 година.

На прашањето околу економијата и економските движења нашите граѓани се уште попесимисти. Само 17% сметаат дека 2024 година ќе биде година на економски просперитет.

Во традиционалното глобално истражување на Галуп интернешенел „Крај на годината“, биле интервјуирани близу 41.000 лица во 41 земја. Во секоја земја, национално репрезентативен примерок е со околу 1000 мажи и жени кои се интервјуирани лице в лице, преку телефон или преку Интернет. Маргината на грешка за истражувањето е помеѓу + 3-5% на ниво на доверба од 95%.

29.12.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега