Посебен сообраќаен режим денес и утре во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре, односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот, при што булеварот Илинден, потегот од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот Климент Охридски и од булеварот Климент Охридски до мостот „Гоце Делчев“ се затворени за сообраќај во двата правци. Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници во поширокото централно подрачје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кор ќе се одвива настанот.

03.04.2024 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега