Поскапеа дел од цигарите од 5 до 10 денари- во јули најавено ново поскапување

Дел од цигарите во продавниците поскапеа од 5 до 10 денари, а дистрибутерите истакнуваат дека ваквото зголемување на цените на нашиот пазар се должи на тоа што самите производители ги зголемиле цените. Така цигарите „жаде“ и „лаки страјк“ од 95 денари за кутија, сега во продавниците можете да ги најдете само по цена од 100 денари, а цената на „ротманс“ се зголеми од 100 на 110 денари, пренесува „Слободен печат“

– Цигарите со кои ние работиме поскапеа 5 денари, како резултата на зголемената цена од добавувачите и ова поскапување не се должи на зголемена акциза, таква нова корекција може да се очекува во  јули – велат од „Еуротабак“.

Според Законот за акцизи, акците за цигарите постепено се зголемуват во периодот од 2013 година до 2023 година. Акцизата на цигари сега изнесува 2,453 денари по парче (тежина по парче е просечната тежина на 1.000 парчиња без филтер и додаток) и 9 проценти од малопродажната цена по кутија.

Од Министерството за финансии пак велат дека на 1 јули, ќе има ново зголемување на цените на сите цигари, и тоа ќе биде резултат на зголемувањето на акцизата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега