После празничните трпези, оваа чорба е вистински детокс: Се подготвува едноставно, а има одличен вкус
Најважните минерали за зајакнување на имунитетот се цинк и селен, а ние ви носиме рецепт за супа што го зајакнува имунитетот:
Состојки:
- 1/2 чаша кокосово масло
- 6 чешниња лук
- 1 лажица исецкан ѓумбир
- 1 исецкан кромид
- 1/2 шолји исецкани бадеми
- 2 лажици куркума во прав
- 2 лажици кари во прав
- 2 црвени пиперки
- 1 кг. сладок компир
- 2 ловорови листови
- 6 чаши супа од зеленчук
- сол и црн бибер
Подготовка:
Во тенџере истурете го кокосовото масло, лукот, ѓумбирот, кромидот, бадемите, куркумата и карито. Сето тоа добро измешајте го, па варете на тивок оган додека состојките не омекнат (околу 5 минути).
Додадете ја пиперката, слаткиот компир, ловоровите листови, а потоа истурете ја супата од зеленчук за да покриете сè. Оставете да се вари, намалете ја температурата и поклопете. Варете на тивок оган околу 30 минути додека не омекне слаткиот компир. Извадете го ловоровиот лист од чорбата, а остатокот измешајте го во блендер додека не добиете убава кремаста смеса. Вратете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа