Последната средба: Џонсон ја опиша болната вистина за здравјето на кралицата Елизабета


Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја опиша својата последна средба со покојната кралица Елизабета Втора, која се одржа во замокот Балморал во септември 2022 година, неколку дена пред нејзината смрт, во неговите претстојни мемоари „Unleashed“.

Џонсон тврди дека на кралицата и бил дијагностициран рак на коските во последните години од животот, пренесува Daily Mail делови од неговите мемоари.

 

„Една година или повеќе знаев дека има форма на рак на коските, а нејзините лекари беа загрижени дека во секој момент може да дојде до ненадеен пад“, напиша Џонсон во мемоарите.

Пред нивниот состанок, Џонсон тврдеше дека приватниот секретар на кралицата, Едвард Јанг, го предупредил дека нејзиното здравје „се влошило во текот на летото“.

„Но, нејзиниот ум – како што рече и Едвард – беше целосно неповреден од нејзината болест и одвреме-навреме во нашиот разговор таа сè уште имаше голема насмевка која го подигнуваше расположението“, додаде Борис.

Кралицата почина само два дена по нивната последна средба. Според Џонсон, Елизабет цело лето знаела дека ќе умре, „но била решена да издржи и да ја изврши последната должност“ и да го надгледува неговото заминување од премиерската функција. Борис Џонсон официјално поднесе оставка за време на нивната средба.

01.10.2024 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега