Поставена нова и санирана оштетената опрема во Градскиот парк

 

Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови активно работат на уредување на сообраќајната и на урбаната опрема во Градскиот парк. Санирани и обоени се сите рампи во паркот, а поставени се и нови кај Сточарскиот институт и пред хотел „Канет“.

Санирани се оштетените заштитни столпчиња пред бараките на Град Скопје, кај мостовите и поставени се нови на влезот од Градскиот парк, соопшти ЈП Улици и патишта.

Рампите и заштитните столпчиња треба да го спречат непрописното паркирање и воопшто пристапот на возилата во пешачкиот дел од Градскиот парк.

Поставени се и држачи за велосипеди кај лавиринтот во првиот дел од Градски парк, каде што е обновена и ризлата на патеките, а една патека околу лавиринтот е асфалтирана.

Во првиот дел од Градски парк санирана е оградата на мостот, а при крај се активностите за санација и на плочникот околу споменикот Гоце Делчев.

Од ЈП Улици и патишта  дека нивните екипи и во наредните денови ќе ги продолжат активностите во Градскиот парк, со обновување на ризлата на пешачки патеки во првиот дел и со санација на сите оштетени елементи кои ќе бидат пријавени.

28.07.2022 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега