Потребни се 15.000 евра: Апел за помош на Зоки Фаци, за операција на тумор

„Здраво на сите. Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја. Зоки има 25 см тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.

Затоа мои добри луѓе, ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее, да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција. На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15.000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазаров.

17.08.2024 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега