Повеќе општини во Скопје денеска ќе останат без струја
Без електрична енергија денеска од 9 до 13 часот ќе останат жителите од селата Орешани, Зелениково, Пакошево, Ново Село, Таор, Добрино, Тисовица, Гумалево, Страхојадица, Вражале, Дејковци, викенд населбата Јане Сандански и Орешани во општина Зелениково.
Од 9 до 15 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улиците „8“ и „1559“ во населбата Хот и Хот и месноста викана Боринарец во населба Радишани, општина Бутел.
Во истиот период без струја ќе биде и дел од селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електродистрибутивната мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа