Повреден возачот: СВР Тетово со детали за запалениот камион на автопатот Скопје – Тетово

 

Вечерва на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Групчин, избувнал пожар во товарно моторно возило „Рено“ со гостиварски регистарски таблички. Камионот се запалил додека се движел во правец кон Тетово, при што возачот бил повреден и пренесен во болница.

Според портпаролот на СВР Тетово, Томислав Наумовски, во 20:00 часот било пријавено дека во близина на Добарски мост било опожарено товарното возило управувано од Б.М. (32). Повредениот возач бил веднаш транспортиран со возило на Брза помош во Клиничката болница Тетово.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица Тетово, пожарот бил изгаснат. На терен интервенирале пет пожарникари со две возила – едно специјализирано теренско возило и еден камион.

13.06.2025 - 22:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега