Повторно загуби: Таткото на Бритни ја задржува контролата над нејзиниот живот
Американски судија го одби барањето на Бритни Спирс да го отстрани нејзиниот татко од улогата на траен старател.
Во ноември минатата година, адвокатот на поп-sвездата побара од судот во Лос Анџелес да стави крај на контролата на таткото Џејми Спирс врз нејзиниот имот.
Иако барањето е одбиено, пресудата не е одговор на експлозивното сведочење на Спирс на суд минатата недела.
Говорејќи 23 минути, Бритни тврдеше дека била дрогирана, принудена да настапи спротивно на нејзината волја и спречена да има деца.
Макфакс
01.07.2021 - 11:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа