Пожар на генератор во Петровец зафати и летниковец во соседен имот

 


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во с.Петровец, скопско, настанал пожар на генератор за напојување со електрична енергија на антена во сопственост на мобилен оператор, кој се проширил и на соседниот плац и зафатил летниковец.

Пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот. 

30.07.2025 - 15:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега