Пожар во архивата на кумановскиот суд
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенира на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен, велат од ЦУК.
Претседателката на судот Снежана Манева за Телма потврди дека е регистриран пожар во подрумскиот дел во една од просториите. Во тој дел на судот се наоѓа архива од предмети од минатото.
-Се уште чади и се расчистува. Не знаеме засега кои се причините, дали е подметнат или е од електрична инсталација. Тоа ќе покаже истрагата. Зафатена е една подрумска просторија, ни рече Манева.
Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа