Пожарникарите спречија катастрофа во Велес - за малку ќе изгореше цела куќа

 


Од ТППЕ Велес спречиле од една соба да зафати цела куќа во Велес.

-Во Територијалната противпожарна единица Велес утрово во 05:47 била примена дојава за запалена куќа на ул. „Ганчо Хаџи Панзов“ бр. 20, лоцирана во близина на Спомен костурницата од НОВ во Велес. Со наша брза интервенција било спречено огнот од едната соба да ја зафати целата куќа, информираат попладнево од ТППЕ Велес за МИА.

Тие појаснуваат дека Територијалната противпожарна единица Велес, во гаснењето на огнот во куќата биле ангажирани 2 противпожарни возила и 6 пожарникари спасители.

-По пристигнување на лице место било забележано дека пожарот има зафатено само една просторија, а со нивното брзо пристигнување и брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири и направи поголема штета по куќата, посочуваат од ТППЕ Велес.

21.01.2025 - 15:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега