Пожарот кај Врбен стигна до првите куќи

 

Во текот на денешниот ден на територијата на државата до сега имаше 32 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 15 целосно се изгаснати, шест се ставени под контрола, а 11 се активни во овој момент, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Пожарот што ја одбележа вечерта е кај селото Врбен во Општина Маврово и Ростуше, за кој Ангелов изјави дека се работи за голем шумски пожар во кој гори смрека, сува трева и јела.

- Се развива висока температура, и во овој момент линијата на огнот е околу 500 метри над првите куќи од селото Врбен. Помеѓу пожарот и селото има асфалтиран пат, верувам дека вработените во НП Маврово со поддршка на локалното население, на асфалтираниот пат ќе успеат да го сопрат овој тежок шумски пожар, рече тој.

Ангелов информираше дека врз овој пожар во текот на денот дејствувале со пет ер трактори со кои што успеале да го изгасннат едниот крак, а воедно, како што рече, дејствувал и еден голем полициски хеликоптер МИ 171, со големо ведро од два и пол тони, кој што, исто така, значително ја намали линијата на пожарот.

Најави дека во текот на ноќта дежурни ќе останат екипа на НП Маврово, заедно со локално население кои ќе внимаваат доколку огонот се приближи до селото, истиот да го стопираат.

13.08.2024 - 21:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега