Пожарот во Грција е во непосредна близина на границата: На терен хеликоптер, 12 возила и 39 пожарникари

Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата. 

17.07.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега