Познат идентитетот на адвокатот со кој Палчо ја напуштил Македонија
Првоосомничениот за двојното убиство во Македонија на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежов, Љупчо Палевски - Палчо избегал од Македонија, но бил придружуван од адвокатот Васко Стојков, дознава Прес24. Станува збор за адвокат од Битола, а го бранел Палчо за други дела.
Од МВР и од Обвинителството ја потврдија информацијата дека Палчо бил придружуван од неговиот адвокат кога ја напуштил Македонија.
Како што информиравме и претходно денеска, државата ја напуштил со автомобил и се упатил во Белград. Потоа оттаму отишол во Бугарија, а сега полицијата е во траг на Палевски, но Спасовски не сакаше да открие каде се наоѓа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа