Познат рапер пронајден мртов


Американскиот рапер Рич Хоми Куан е пронајден мртов.

Познатиот рапер, кој имал само 34 години, во четвртокот бил пронајден без свест во својот дом во Атланта. Се сомнева дека се предозирал.

Неговото семејство за TMZ изјави дека се во шок и скршено срце, истакнувајќи дека тој починал еден месец пред неговиот 35-ти роденден. Засега не е позната точната причина за смртта.

Рич се најде на топ листите во 2013 година со неговиот сингл „Type of Way“, кој се искачи на 50-то место на топ 100-те на Билборд.

Тој е познат и по песните „Flex (Ooh, Ooh, Ooh)“ и „Ride Out“.

Се прослави и како дел од групата Rich Gang, заедно со раперот од Atlanta Young Thug во рамките на проектот Cash Money Records.

Во тоа време, Њујорк Тајмс го опиша како дел од растечката генерација на рапери во градот.

Неговиот последен сингл 'Ah'Chi' е направен заедно со раперот 2ChainZ.

05.09.2024 - 21:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега